04.07.2025

Мицевски: По една година консолидирање на државата и стабилизирање на институциите, продолжуваме да ги градиме темелите на промените

Ги почнуваме теренските активности и посета на граѓаните во општина Пробиштип. ВМРО-ДПМНЕ тргнува на разговор со граѓаните.

По 365 дена консолидација на државата, стабилизирање на институциите, и борба со сите грешки коишто беа направени во системот, продолжуваме да ги поставуваме темелите на нашата држава.

Во изминатиов период, дел од ветувањата коишто ги дадовме на граѓаните се реализирани. Зголемување на пензиите за 5.000 денари. Решавање на статусот на специјализантите. Зголемување на платите во образованието и многу други проекти од централно ниво, потребни за граѓаните. 

Во однос на работата на општините, обезбедени се средства со коишто може да аплицираат општините, да добиваат средства за реализација на капитални проекти.

Општина Пробиштип ќе продолжи да се развива, со нов градоначалник којшто има визија, искуство и којшто ќе работи вистински во интерес на граѓаните.