Пробиштип влегува во дигиталната ера.
Ќе извршиме комплетна дигитализација на услугите во општина Пробиштип и создавање на дигитална архива за сите документи и постапки.
Со ова граѓаните ќе можат многу полесно и побрзо да ги завршуваат своите административни обврски, од дома без чекање на шалтер.
Дигиталната архива ќе овозможи сигурно и трајно чување на сите општински документи со брз пристап до стари решенија, дозволи и планови.
Тоа значи повеќе транспарентност, поголема ефикасност и помалку хартија и трошоци.
Со овој проект општината ќе добие помодерна и поефикасна администрација, поголема доверба од граѓаните и нови можности за поврзување со државните и меѓународните е-сервиси.
За тебе. За твоето место. За твојата иднина!


