Од Горно Лисиче, го најавуваме проектот за изградба на 110 км топлификациона мрежа која ќе ги опфати населените места Долно Лисиче, Горно Лисиче и населба Лисиче.
Решаваме еден децениски проблем, проблем којшто не значи само затоплување на домаќинствата, туку и намалување на загадувањето на воздухот во зимскиот период.
Градиме инфраструктура согласно потребите на граѓаните.










