03.10.2025

Андов: Ќе обезбедиме општински канцеларии каде секој од повредените ќе може лице во лице да разговара со својот советник во секое време 

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми.

Како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата сакам да најавам уште неколку проекти, содржини коишто како Совет ќе ги донесеме односно ќе донесеме одлуки на кои ќе се базираме и на кои ќе го темелиме Советот за подобро утре на сите граѓани.

Дел од тие одлуки се следниве.

Како Совет ќе донесеме одлука, преку општинските училишта и образовните центри да се обезбеди преквалификација и доквалификација на повредените на кои им е потребно да продолжат со своите кариери. Со одлука, учениците ќе добијат стипендии, а за оние што изгубиле наставната година, ќе обезбедиме целосна финансиска и стручна помош за подготовка и полагање на испитите.

Како носител на советничката листа најавувам и ветувам, дека сите засегнати од овој немил настан, ќе им обезбедиме и ќе имаат свој општински простор каде ќе имаат директна комуникација, лице во лице со секој советник, а не преку медиуми и улици, и истите ќе бидат вклучени во годишната програма на општина Кочани како приоритет.

Исто така сакам да најавам еден капитален проект а тоа е изградба на брана Арамиска Чешма за водоснабдување на Пониква. Комплетно изготвен проект од страна на општина Кочани, со техничка документација и пресметки. Периодот на изградба од 2027 до 2029 година. Со овој проект нашата Пониква, нашиот бисер, ќе добие нова содржина, и ќе биде уште позначаен центар и за нас како град, но и за државата.

Ви благодарам.