Почитувани,
Денес започнува предизборната кампања за едни од најважните градоначалнички избори во историјата на Кочани.
Само пред некој ден, во оваа зграда позади мене, со моите противкандидати потпишавме кодекс, си подадовме рака и ветувам и мислам и убеден сум дека овие ќе бидат едни од најкоректните најфер, најмирните градоначалнички избори.
Најмирни досега во историјата на Кочани. Нашата кампања нема да биде заснована на секојдневно малтретирање на луѓето по социјалните мрежи, нема да биде заснована на долги говори и ветувања, туку ќе биде заснована на комуникација со луѓето. Ќе е исклучиво на терен. Ќе ги бараме идеите на граѓаните, ќе ги уфрлиме во нашата програма, ќе ги нотираме проблемите на граѓаните на општина Кочани, ќе бараме заедничко решение на нив.
Кочани како место во кое сите се познаваат и во кои веќе граѓаните го имаат изготвено мислење за кој ќе ја дадат својата поддршка, најдобра кампања е од човек на човек, од уста на уста.
Ние ќе се базираме на таа кампања. Едно што така ние имавме замислено и друго што така во моментот налага ситуацијата во Кочани.
Градоначалничкото столче е столче за некои претставува доблест гордост, моќ но за мене ништо не претставува од тоа. За мене претставува една одговорност, една доверба која ти ја дава народот и која доверба е базирана на чист образ. Но најважно е, после завршување на минливиот мандат, тој чист образ да остане уште така чист, и неизвалкан.
Знаеме во животот дека некои работи е се купуваат со пари. Истото е и со градоначалничкото столче. Во случај да биде купено, ќе е на стаклени ногарки и ќе е брзо кршливо.
Гарантираме, мирна, фер, коректна кампања. Ќе го почитуваме исклучиво мислењето на народот. Нека биде волјата на народот, и нека победи најдобриот кандидат.
Ви благодарам.
https://www.facebook.com/share/v/1UpajLF5Mv/?mibextid=wwXIfr