Почитувани,
Веднаш по стапувањето на функцијата ќе пристапиме кон реконструкција на отворениот градски базен кој се наоѓа во склоп на Домот на АРМ.
Исто така имаме изготвено проект за изработка на базен од затворен тип кој ќе функционира преку целата година.
Потоа ќе пристапиме кон одбележување на велосипедска патека од Другово до населбата Пашино.
Имаме изготвено проекти за изградба на повеќенаменски игралишта во сите населби кадешто се итно потребни.
Исто така предлагам да се изградат детски катчиња во секоја населба кадешто дечињата ќе можат да се релаксираат.
Ти одлучуваш!