Почитувани,
Маја Мојсова да каже, дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски од црната листа на САД во вториот круг?
СДС, Филипче и Заев перфидно ја наместија Маја Мојсова да глуми статист на овие избори, да собере одреден број на гласови за да има втор круг во Карпош.
Маја Мојсова знае дека губи, и знае дека Филипче и Заев се испазариле со Стевчо Јакимовски да му дадат гласови во вториот круг.
Прашањето е дали Маја Мојсова ќе се понижи до толку и ќе тргне по паметот на Зоран Заев и Венко Филипче и ќе го поддржи Стевчо Јакимовски, за кој САД отворено велат дека е криминалец и за кој постои пресуда во Македонија за криминал што го сторил.
Дали Маја Мојсова ќе ја одигра улогата на марионета до крај или сепак ќе покаже карактер и ќе се спротистави на бизнис договорот Филипче – Заев – Стевчо?
Маја Мојсова да каже и да не молчи. Дали ќе го поддржи во втор круг Стевчо Јакимовски, осуден криминалец на црната листа на САД и дали ќе повика да се гласа за него.










