06.07.2025

Ристески: Со новата власт во Република Македонија се реализираа низа проекти во Македонски Брод

Денес во рамките на нашите теренски активности се приклучи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, со мене е господинот Благоја Ташаминов.

Остваривме многу средби со нашите сограѓани каде што разговаравме за предизвиците кои ни претстојат, за реализираните проекти, но исто така разговаравме и за идните проекти кои треба да се реализираат во иднина.

Пред година дена наследивме институции кои беа неефикасни и неефективни, но меѓутоа сепак со помош на Владата на Република Македонија, во општина Македонски Брод се реализираа низа инфраструктурни проекти.

Тргнувајќи од изградба на водоводни системи, локални патишта, но исто така се инвестираше и во делот на развојот на социјалните услуги. Така да, општина Македонски Брод го добива и првиот Дневен центар за стари лица со активно стареење.

Но, тука не застануваме. Со унгарската кредитна линија продолжуваме во изградба на дополнителни инфраструктурни проекти.

Конечно Општина Македонски Брод има партнер во реализација на идните проекти а тоа е Владата на Република Македонија.

И понатаму продолжуваме успешно и заедно во интерес на развој на општина Македонски Брод.