Добро вечер од преубавата Мошница, од општина Македонска Каменица, мала Швајцарија на истокот.
Денеска сме тука со единствена цел, да упатиме порака дека е потребно да има континуитет на промените коишто ги започнавме во 2021 година на локално ниво.
Она што можам да го кажам е дека заедно со граѓаните , односно жителите на овие населени места, разговаравме за приоритетите и предизвиците со кои се соочуваат, за да знаеме што да ставиме во програмата на идниот градоначалник и Совет за општина Македонска Каменица.
Владата на Република Македонија, знаете сите дека продолжува со поддршка на нашите македонски општини. Македонска Каменица во минатата година, само од моментот на доаѓање на нашата Влада на власт, на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во Македонска Каменица има инвестирање над милион евра и тие пари ќе бидат потрошени за инфраструктурни проекти, комунални проекти, проекти во патната инфраструктура, се што е потребно за жителите на овие краишта.