Почитувани центарци,
Пет месеци општина Центар нема слух за жителите на ул. Славејко Арсов.Пет месеци молк од Горан Бетон Герасимовски, иако граѓаните уредно алармирале до локалната самоуправа за сериозни урбанистички и инфраструктурни проблеми, кои можат да доведат до големи последици по безбедноста на граѓаните и жителите на оваа улица.
Имено, станува збор за слепа улица без соодветен простор за завртување, без тротоари, недоволен број на паркинг-места и инфраструктура за нови градби.
Особено загрижува отежнатиот пристап на брзата помош и противпожарните служби, а исклучително е важно што токму тука се наоѓа градинката „Кочо Рацин“. Со тоа се загрозува безбедноста на децата и жителите коишто ги носат децата во оваа градинка.
Наместо молк од потпретседателот на Филипче, Горан Бетон Герасимовски да се добие одговор зошто урбанистичкиот развој не е проследен со соодветна инфраструктура и заштита на јавниот интерес?
Граѓаните не се пречка за развојот, граѓаните се причина поради која што постои општината.
Почитувани,
Нашата порака е јасна: безбедност, инфраструктура и законитост, а дури после тоа градење и дозволи за градење.
Токму затоа, советничката група на ВМРО – ДПМНЕ ќе предложи оваа иницијатива да биде составен дел од дневниот ред на следната седница на советот на Општина Центар. На потег се останати советнички групи. На потег е Горан Бетон Герасимовски.








