26.10.2026

Анакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија за водата, инфраструктурата и спортот во Зрновци

Добар ден почитувани сограѓани на општина Зрновци,

Денес сме овде на неколку дена пред исполнување на една година од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Зрновци од страна на Ванчо Митев, заедно со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да прашаме неколку работи.

Дали градоначалникот ја прифати функцијата и ја доби довербата од граѓаните за како што вели онаа народната за „клати врата земај плата“.

Еве безмалку една година од превземање на функцијата градоначалникот уште чекаме да објави истиот дали има нешто преземано  во врска со подобрување на квалитетот на водата или само во последните два месеци добивме два негативни извештаи за забрана на вода за пиење од Центарот за јавно здравје и добивме само изготвување на договори и испумпување на општински и народни пари на неколку негови партиски активисти.

Исто сакаме да прашаме дали нешто има преземано и од неговата стручна компетентност во делот на спорт или добивме згаснат фудбалски клуб и запуштено фудбалско игралиште кое беше реновирано и вратено во функција во претходните неколку години како и намалување на бројот на турнири во мал фудбал од три на еден во годината, а камоли пак да разговараме за инфраструктурни проекти во делот на спортот кои што беа ветувани како што се комплекс за млади со ролер парк и алпинистички ѕид, алпинистички план.

До кога да чекаме да отпочне постапката за ветените проекти за кои не е потребно многу време за реализација како што се: оградување на кејот на река Зрновка, пешачка патека на кејот на река Зрновка, и стационар за кучиња.

Иста е состојбата и во делот на културата од ветената „Културна револуција“ на о. Зрновци со голем број на концерти ветени и театарски настапи до сега добивме една голема нула.

За другите ветени инфраструктурни проекти нема ниту да прашуваме ниту да споменуваме бидејќи се далеку од фаза на започнување односно не се изготвени ниту идејни решенија.

А се она што е изградено до сега е доведено до степен на уништување.

Затоа сакаме да порачаме дека народот, граѓаните на општина Зрновци немаат време за трпение и чекање за решавање на проблемите, доколку се нема визија за развој и напредок на о. Зрновци подобро да си каже градоначалникот Митев дека нема капацитет за работење.