30.01.2025

Марковска Илиевска по четврти пат поставува прашање, дали уредувањето и сите активности за мега паркот зафаќаат дел од втората заштитна зона каде што се бунарите, но одговор од Арсовска нема

На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката од ВМРО-ДПМНЕ Анета Марковска Илиевска ја искористи присутноста на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и побара одговор од неа и службите за активностите за мега паркот.

Марковска Илиевска продолжи и додаде:

„Во однос на уредувањето партерно и озеленување на просторот помеѓу реката Вардар, Булевар Илинден, Никола Парапунов и улица Љубљанска во Општина Карпош во минатото усно, меѓутоа и писмено доставив прашање, но сега ќе ја искористам вашата присутност, тука и на градоначалничката, сеедно кој ќе ми одговори на прашањето“, рече Марковска Илиевска.

Марковска Илиевска упати прашање за тоа дали уредувањето и сите активности на мега паркот зафаќаат дел од втората заштитна зона каде што се бунарите, истото прашање е поставено по четврти пат, а одговор од Град Скопје и Данела Арсовска нема.