На задоволство на граѓаните на општина Босилово, а верувам и на задоволство на граѓаните на општина Ново Село во тек е реализација на последната фаза на локалниот пат Буриево – Колешино. Реализацијата на овој патен правец е од исклучително значење на економскиот развој на овој регион.
Како прво, со реализација на овој патен правец ќе се овозможи развој на туризмот во подбеласичкиот регион и поврзување на убавините на Беласица со Моноспитовско Блато и поврзување со подогражденскиот регион. Исто така, реализацијата на овој патен правец е од исклучителна важност за развој на земјоделието со што се создаваат услови за поефтин побрз и поекономичен транспорт на земјоделски производи. Она што е особено важно за граѓаните на Колешино и за граѓаните на Буриево преку овој патен правец ќе се овозможи пристап до голема површина на обработливо земјоделско земјиште. Исто така, патниот правец овозможува и развој на сообраќајот во овој регион, бидејќи овозможува поврзување на граѓаните од Колешино од овој дел на Ново Село со регионалниот пат А4 кој води кон границата со Бугарија.
Се на се, станува збор за еден исклучително важен патен правец како за општина Босилово така и за општина Ново село и за развој на целокупниот регион. Во тек е последната фаза од реализацијата што можеби е и најтешката фаза затоа што еден дел од патот и не трасиран, меѓутоа се надевам дека многу брзо како што рече и градоначалникот за месец дена очекувам овој патен правец да е завршен и да можат граѓаните да го користат.