28.09.2022

Коцев: Во село Мородвис во Зрновци ќе се гради нов спортски рекреативен центар

Општина Зрновци ќе добие нов спортски рекреативен центар во вредност од 6 500 000 денари.
По комплетно изготвена проектна документација и аплициран проект.
Во село Мородвис на местото на земјеното игралиште, ќе никне нов модерен спортско рекреативен центар.
Овој спортско рекреативен центар ќе содржи:
Модерно фудбалско игралиште, нова ограда, нови голови и ново лед осветлување. Баскет игралиште, нови кошеви и ново лед осветлување. Ново модерно детско игралишт. Нов парк за рекреација на граѓаните.
Продолжуваме посветено и одговорно да ја градиме општина Зрновци, за доброто на сите граѓани!

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02t58NXA42QNH2m6E1GVDsrBhNU4yCEHpdPFAuzqg9chVX5vqXdhdnrpBEcppa9vKfl&id=1225496267