21.09.2022

Колев: Во Велес се одвиваат градежни активности на повеќе локации, се изгради детски парк „Дизни“ како и изградба на кејот на реката „Вардар“

Добар ден на сите,
Денеска во посета на општина Велес работно е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Заедно со пратеникот и претседателот на Советот бевме на неколку локации кои што општина Велес ги работи, прошетавме низ индустриската зона „УЗУС“ каде што пред само неколку дена  завршивме две улици кои што се многу битни за развојот на оваа индустриска зона. Сега се наоѓаме на улица „Христо Татарчев“ каде што може да забележите дека се одвиваат градежни работи, денеска треба да бидат завршени и ова улица да биде асфалтирана, да биде ставена во функција заради тоа што ова е една од улиците која што е многу фрекфентна.

После ова посета ќе се упатиме кон улицата „Кумановска“ која што пред месец дена ја имаме завршено со асфалтирање,  имаме таму уште работа, за која што ќе дадам дополнително објаснување. Од улицата „Кумановска“ ќе одиме на еден од големите паркинзи кој што во изминативе 5 години е направен во Велес, тоа е паркингот кај познатото атд, значи таму има сериозни градежни активности, би требало до крајот на месецот и тој објект да го ставиме во функција. 
Ќе го посетиме  детското игралиште „Дизни“ кој што пред неколку дена беше ставено  во функција и оттука ќе отидеме на градскиот пазар да ја видиме и динамиката на реализација на градскиот пазар, со тоа што изминатите неколку месеци  работевме интензивно на дислокација на колекторот кој што го минеше градскиот пазар и ќе отидеме на кејот на реката Вардар каде што вчера вклучив јас официјално договор со средства од ЕУ за изградба на 200 метри од кејот на реката Вардар.