Почитувани,
Денес сме во посета на патниот правец Буриево-Колешино кој е во должина од 3.2 километри и е со ширина од 5 метри. На наше задоволство, на мене и на градоначалникот на општина Босилово ни дојде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, разговараме за тековните предизвици со кои се соочуваат нашите општини. Овој проект решава голем дел од проблемите особено на земјоделците од овој регион зошто ги поврзува нивите од атарот и на општина Ново Село и од атарот на општина Босилово.
Очекуваме да овој патен правец биде завршен до крајот на месец април со што граѓаните ќе скратат голем дел од претходно километрите кои требаше да ги патуваат за да ја обиколат општина Ново Село и да дојдат до своите земјоделски поседи.