10.10.2023

Андонов: Во изминатите 2 години во Општина Василево се реализираа голем број проекти во патната инфраструктура, образованието и фекалната канализација

„Поминаа 2 години од мандатот како сум градоначалник на Општина Василево. Се надевам дека ја оправдав довербата која ми ја дадовте на последните локални избори. Јас и мојот тим секојдневно работиме макотрпно Општина Василево да биде подобро место за живеење, истакна градоначалникот на Општина Василево Славе Андонов при денешната средба на ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните од Општина Василево во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“. Андонов вели дека во изминатите 2 години најмногу вложиле во патната инфраструктура, а најмногу како што рече тој се гордее со патниот правец Нова Маала до Добрашинци кој беше долгогодишен проблем за граѓаните.

Во Општина Василево се реализираа голем број на проекти и тоа за прв пат голема енергија и многу финансиски средства во изминатите 2 години вложивме во патната инфраструктура. Секако ако ме прашате кој проект од патната инфраструктура со кој посебно се гордеам, тоа е патниот правец Нова Маала до Добрашинци кој беше долгогодишен проблем за граѓаните од Подогражденски регион, додаде тој.

Тој додаде дека не застануваат тука, како и дека идната недела ќе започне со изградба на уште еден голем проект, односно патот од влезот на населеното место Доброшинци до центарот на истото населено место со вредност од околу 16 милиони денари.

„За овој регион еве овде вечерва најавувам дека идната недела ќе започне уште еден голем проект, уште еден патен правец ќе се реализира а тоа е патот од влезот на населеното место Доброшинци до центарот на истото населено место со вредност од околу 16 милиони денари“, рече Андонов.

Тој истакна дека пред малку е пуштен во употреба и центарот во Нова Маала пред платото на Домот на културата во населеното место Нова Маала, жителите од тоа населено место сега имаат нов лик и граѓаните на Нова Маала го заслужуваат. Тоа што го ветиле и денес се гледа неговата реализација.

„Вложивме во повеќе области за кој е надлежна локалната самоуправа, тоа е и образованието. Ги уредивме партерно училишните дворови во Дукатино, Владевци и во Радичево. Го реконструиравме целосно подрачното училиште во Висока Маала, таму учениците учеа во супстандардни услови. Покрај образованието вложивме и во спортот, во завршна фаза е повеќенаменското игралиште во Василево и ќе градиме повеќенаменско игралиште и во Чанаклија и тоа за неколку дена ќе почне изградбата, ќе градиме повеќенаменско игралиште и во Висока Маала и Радичево“, рече Андонов.Она на што посебно Андонов е горд и знае дека ги загрижува сите граѓани во Општина Василево е фекалната канализација. Тоа што е ветено сите се сведоци дека почна да се гради првиот крак во населеното место Василево.