28.04.2026

Станковиќ: Македонија има значаен исчекор во Реформската агенда, потврда има од голем број шефови на мисии на земјите членки на ЕУ

„Реформската агенда е во период од 2024-2027 година, и таму се поставени 21 точка по коишто треба да се дебатира. За тие 21 точка, за 16 точки, од самите претставници, шефови на дипломатиите на земјите-членки се изразија позитивно. Ние очекуваме до доаѓањето на извештајниот период да реализираме уште 2, тоа би значело 18 од 21 точка реализирани во 2026 година, рокот е до 2027 година“, истакна Малиша Станковиќ, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија 24 Анализа на ТВ 24.

Пратеникот Станковиќ  истакна дека Владата одржала состанок со шефовите на мисиите на земјите-членки на ЕУ во која што се разговарало за Реформската агенда и оценето е дека има исчекор, има резултати. Во однос на отворање на Устав за решавање на билатералниот спор со Бугарија, тој е дециден дека потребни се цврсти гаранции и дека европскиот процес треба да биде предвидлив и транспарентен.

„Во овој момент бараме цврсти гаранции, односно ние сметаме дека европскиот процес треба да биде транспарентен, претходно предвидлив и ние зборуваме за Реформска агенда која што се темели на копенхашките критериуми“, дециден е пратеникот Станковиќ.