„Приоритет на оваа Влада, уште од самото формирање беше економија и една стабилност и предвидливост која што си ја зададовме како цел. 7 квартали раст на БДП од 3%, континуирано, 7 квартали да се случува тоа, кога во моментот имаме една од најголемите енергетски кризи, која што еве за среќа веќе се гледа крајот, но сепак последиците мислам дека уште малку може да да се прелеваат во делот на економијата“, рече Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.
Според неа, Владата води политика на предвидлива економија што отвора над 16.000 нови работни места, го зголемува индустриското производство и преку дијалог обезбедува координација.
„Да имате една стабилна и предвидлива економија, која што ќе отвори над 16.000 нови работни места, да имате една економија која што ќе го зголеми индустриското производство над 8%, една инфлација, која што за разлика од многу други држави ќе успеете во ваква криза да ја нивелирате и да ја држите до едно средно ниво, да се обидувате да го водите социјалниот дијалог, да успеете не преку мерки туку преку дијалог да направите една координација и со големите маркети, но и со сите оние општествени одговорни компании“, вели Митева.
Според неа, Владата секогаш треба да се стреми кон повеќе од она што е остварено во даден момент.
„Граѓаните ја чувствуваат промената и чувствуваат дека оние чекори кои што ги правиме, не се несигурни, не се еден напред три назад, туку се чекори кои што се стабилни, кои што се сигурни и кои што одат во правилна насока. Со едно вакво темпо кое што го имаме во првата половна од мандатот на оваа влада покажавме дека знаеме поинаку, дека знаеме системски како може да се функционира, и дека граѓаните можат, но и бизнисот да ја види таа предвидливост“, истакна Митева.








