26.04.2025

Тушевска: Успехот на Владата очигледно ја вознемири опозицијата која покажува само безидејност и злоупотреба на собраниската говорница

Во вчерашното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“, гостуваше пратеничката Јулија Тушевска, која дискутираше за злоупотребата на надзорната алатка- пратенички прашања од страна на опозицијата, за работата на Собранието која изобилува со многу можности за надзорни улоги како и за алатката која ја имаат пратениците, а тоа е да вршат увид и надзор на работата на извршната власт, односно Владата.

Пратеничката Тушевска во поткастот стави акцент на неодамнешната пленарната седница за пратенички прашања, притоа образложи што сè се случувало таму,  како и дека токму на такви седници се покажува безидејноста на опозицијата и нивната желба за манипулација со јавноста, но воедно и принципиелното функционирање на Владата со прецизност и точност во започнувањето на седниците и воспоставување на ред не само во Собранието туку и во државата.

„Кај возрасните манипулациите, пред сè се заради тоа што имаат немоќ, заради тоа што се во  безизлезна ситуација, којашто моментално се гледа од призмата на опозицијата, се гледа некоја си недоволна искреност во самите  нивни поставувања на прашања. Е сега, искрениот пристап, пред се, во атмосферата на Собранието, се гледа во  правилниот пристап на Владата и на министрите, на чело со премиерот Христијан Мицкоски, кој што секогаш, така и на оваа седница на пратенички прашања,  беа присутни точно на време заедно со пратениците  и самата седница почна точно на време“, истакна Тушевска.

Пратеничката истакна дека е наследен пустош од претходната власт во повеќе сфери , како и дека Владата работи подеднакво за сите граѓани, со подобрување на примарната здравствена заштита и економската сигурност, за да можат да уживаат услови коишто им доликуваат и се клучни за поквалитетен живот.

„Каква држава затекнавме кога дојдовме, нели фактички ние на власт.  Немаше учебници во образование, платите беа ниски. Почнавме со покачување на платите во образованието, почнавме со покачување на платите на здравствените работници, почнавме со зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи, односно на полицајците. Капитациите за матичните лекари се зголемени, исто за матичните гинеколози и за матичните стоматолози. Пензионерите добија линеарно покачување од 5.000 денари на нивните пензии. Значи сето тоа, оди на конто дека самата Влада се бори  да го подобри животниот стандард на граѓаните“, рече Тушевска.

Во поткастот пратеничката наведе дека опозицијата покажува незнаење и нема капацитет ниту идеи за да постави пратенички прашања, притоа истакнувајќи дека тие сакаат говорницата да служи како театар на нивната пратеничка безидејност.

„Се поставуваат прашања колку да се напаѓа, можеме да го гледаме тоа како безидејност, како незнаење за да постават прашања или самата работа што ја работи Владата и што има на дело резултати, не им дава за простор за да можат да постават прашања, со коишто ќе можат  да направат некој театар од самите  пратенички прашања. Нив ги боли вистината, вистината им боди во очи, затоа што се гледа дека  почнува да се работи, се гледа дека тие што направиле криминал ќе одговараат. Стравот си го прави своето и овде морам да напоменам дека довербата е скапо нешто. Тешко се гради, тешко се стекнува, меѓутоа многу лесно  може да се изгуби. Затоа и тие ја изгубија довербата  заради тоа што манипулираа со граѓаните“, вели Тушевска.