Во ,,Тема на денот“, во централниот Дневник на Сител телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој ги истакна придобивките од стратешкиот договор со Обединетото Кралство.
“Договорот има големи придобивки, како политичка во која се обврзуваме од аспект на одбраната, дигитализацијата, културата и така натаму. Ова е втор ваков договор по стратешкиот договор со САД, кој не става на мапа со големите светски држави, каде што ќе имаме голем бенефит на економски план”, истакна Стојаноски.
Пратеникот ги отфрли опозициските напади дека договорот е нетранспарентен, бидејќи следната недела ќе биде во собраниска процедура и ќе биде јавен за сите.
“Овој договор нема да биде како овие договори до сега, во четири очи, туку се ќе биде јавно и транспарентно, секој милиметар и секоја буква од тој договор и оние што ќе следат во иднина ќе бидат јавни претставени на јавноста и ќе бидат доставени во Владата и во собранието, затоа што сметаме дека јавноста го заслужува тоа. Ние немаме што да криеме во договорите”, дециден е Стојаноски.