Жаклина Пешевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата ,,Анализа“ на телевизија 24, се осврна на институционалните напори и мерки за спречување на насилството врз жените. Главната порака на Пешевска е дека борбата против насилството бара заедничка акција на сите институции и политички чинители. Таа нагласи дека се преземаат законски мерки, се подготвуваат нови решенија и се бележат подобри резултати во пријавувањето и институционалното постапување.
,,Со консензус го гласавме Законот за заштита од насилство и потоа Законот за заштита од од дискриминација. Со консензус ги донесовме законите. Ние немаме проблем во униформирањето на ставовите. Темата за женски права или женски проблеми или женски болести се смета за женска тема и ние треба тука да го сензитивираме општеството“, вели Пешевска.
Пешевска нагласи дека институциите работат на законски и стратешки мерки за спречување на насилството, посочувајќи дека е потребен поширок институционален пристап за справување со причините што доведуваат до насилство.
,,Првата тема како претседателка на Комисијата за еднакви можности за еднакви можности, првата јавна расправа беше за продилно отсуство на жени и земјоделки, втората јавна расправа беше за извештајот на државниот ревизор. Пред две недели донесовме заклучоци од таа од таа јавна расправа и уште една јавна расправа исто донесовме заклучоци, Националната стратегиј за насилство на Министерството за социјална политика демографија и млади“, рече Пешевска.
Пешевска порача дека борбата против насилството е предуслов за економско јакнење и развој на жените, посочувајќи дека заштитата на жените мора да биде приоритет.
,,Надзорната расправа е прва расправа за насилство, единствена во 2026 година. Лесно е да работите на закони коишто мора да ги донесете и коишто треба да ги донесете. Многу е тешко да работите на непопуларни теми коишто се длабоки и тешки како што е насилството, но ние се нафативме и работиме“, посочи Пешевска и додаде:
,,Ние не можеме да зборуваме за економско јакнење на жените, ако жената не ни е е заштитена од насилство и од здравствениот систем. Ние не смееме да дозволиме да ни се повтори родилка да оди на пораѓај и да е оштетена за три органи. Значи ако ние не ги заштитиме, како ќе разговараме за развој“.
Пешевска истакна дека заштитата и економското зајакнување на жените се предуслов за општествен развој, нагласувајќи дека институциите мора паралелно да работат на сите аспекти од борбата против насилството. Таа посочи дека по последниот случај биле приведени 180 лица и биле пријавени 309 случаи, при што ја поздрави оперативноста на институциите.
,,Јас сум член на Националното координативно тело за насилство каде што се вклучени експерти, министри, значи сите институции и невладиниот сектор. Невладиниот сектор досега од она што го јас слушам и за надзорната расправа во Собранието и за Националното координативно тело, замислете првите денови имавме на три дена состаноци.
,,Се бараше брза експресна измена на законите, но законот за насилство прво е обемен закон и требаше време и сега веќе има некоја финализирана верзиј, којашто е стигната до Влада, и ќе треба да се донесе во наредниот период.
Пешевска истакна дека справувањето со насилството бара системска координација меѓу сите надлежни институции и посочи дека Собранието преку надзорните расправи активно придонесува во следењето на состојбите. Таа нагласи дека во процесот биле вклучени и невладини организации, кои позитивно ја оцениле соработката со институциите.
,,Извештаите велат дека невладините организации забележуваат она што ја го кажав преку бројки зголемен број на пријави, побрза полициска реакција и дека никогаш како досега не биле вклучени во креирањето на измените на законот“, кажа Пешевска.
Пешевска заклучи: ,,Главната порака на надзорната расправа беше дека власта и опозицијата сме заедно против насилството и затоа имаше толкав успех оваа надзорна расправа“.








