08.05.2025

Николоски: Таравари е тргнат да прави политичко самоубиство одејќи во прегратките на ДУИ, Владата е стабилна

„Не верувам дека со целото политичко искуство кое го има Арбен Таравари е толку наивен да изврши политичко самоубиство и да заврши во прегратките на ДУИ“, истакна вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во Тема на денот на Сител телевизија. 

Николоски е дециден дека Владата има стабилно мнозинство и огромна поддршка од граѓаните. Според Николоски владејачката коалиција има многу стабилно мнозинство.

„Владата е многу стабилна, ние сме многу благодарни на поддршката која што ја добивме минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, нашиот главен политички опонент освои 18. Има пратеници кои што ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, тука е коалицијата со политичката партија ЗНАМ. Така што ние во моментов, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, бележиме во моментов некаде околу 66-67 пратеници, што е многу комотно и стабилно мнозинство“, заклучи Николоски.