05.05.2026

Ивановски: Оваа Влада е прва која железницата ја стави во планот за финансирање и развој, продолжуваме со градба и реконструкција на инфраструктурата


На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше Синиша Ивановски директор на ЈП Железници инфраструктура, кој на самиот почеток дискутираше за инвестицискиот пакет од Владата во вредност од 3,3 милијарди евра и формираното координативно тело, Комитет за јавни инвестиции кое ќе ја следи реализацијата на капиталните инвестиции.

„Со овие пари ќе бидат опфатени најголем дел од автопатите, проектот за Коридор 8, 10 и 10Д-Бехтел и Енка, за подобрување на железничката инфраструктура, тука спаѓа и градбата на брзата пруга Скопје према Белград на север и Атина-Солун на југ, тука спаѓа градскиот воз, тука почнува веќе да созрева проектот од Скопје према Кичево железничката пруга, комплетно целосна реконструкција и електрификација и веќе во догледно време почнуваме да се фокусираме на изработка на студиите и на сите оние почетни фази за градбата на пругата којашто е непостоечка во моментов од Кичево према Струга, потоа Струга према Албанија и се врзуваме тука со целиот Коридор 8“, рече Ивановски и додаде:

„Која е предноста наша, Коридорот 10 е доста пократок поради тоа што превозниците им се наплаќа за користење на инфраструктурата, Македонија околу 215 километри додека преку Бугарија треба дупло да отидат, и тоа ги чини нив дупло пари, и тоа е предноста наша дека најевтиниот пат а и најбрзиот е преку Коридорот 10, Македонија-Србија-Унгарија, да стигаат самите пристаништа грчки коишто последниве години имаат се поголем раст на волумен на пренесена стока“.

Ивановски истакна дека 7 години за време на владеењето на претходната власт не се купило ниту еден воз, локомотива за разлика од сега кога оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ дава исклучителна поддршка во планот за финансирање и во планот за развој.„Откако 7 години не се купи ниеден воз, ниту една локомотива и дојде до колапс, кога се укина возот до Кичево, до Куманово, до Кочани. Во моментов преку 20 милиони евра се преговараат за набавка на нови возови локомотиви и во моментов МЖ транспорт нема никаков проблем за сервисирање на товарниот сообраќај којшто ни доаѓа од север и од југ. Ова е прва Влада којашто Железница ја стави на медиумскиот простор, во планот за финансирање и во планот за развој, продолживме секаде каде што е застанато со градбата на Коридор 8 и притоа почнавме и нови проекти коишто сега ги тендерираме према Бугарија- пругата и почнуваме према Кичево да ја реконструираме целата пруга“, рече Ивановски.