На телевизија 24 во емисијата „24 Анализа“ гостуваше Љупчо Пренџов, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, кој говореше за јавниот долг на државата и економските последици од задолжувањето во изминатите години, правејќи осврт на финансиската состојба во која државата ја презела и ја оставила претходната власт и направи споредба на задолжувањето во периодот од 2017 до 2024 година.
„Има два датуми коишто се многу важни за економијата во оваа држава. На 1 Јуни, 2017 година кога СДС дојде на власт во оваа држава имаше 4,7 милијарди евра долг и вкупна задолженост од 46% од БДП 4,7 милијарди. Во 2024 година оставивте држава со долг од 8,8 милијарди, односно 60% од БДП. Сите влади од 92-ра во 25 години со тие приватизации, со автопати со три понуди, со Скопје 2014, се заедно овие граѓани ги коштаат 4,7 милијарди. Од кога Заев дојде на власт, додека си отиде СДС од власт имаме нови уште толку. Држава земавте со 46% задолженост, оставивте со 60,5“, рече Пренџов.
Пренџов се осврна и на актуелната состојба со јавниот долг, трошоците за камати и обврските за отплата на долговите во наредните две години, посочувајќи дека и покрај наследените финансиски обврски државата паралелно реализира крупни инфраструктурни проекти.
„Денес имаме држава којашто има 56,6% задолженост, односно скоро 5% помалку за две години од тие што ни ги оставивте. Ако вие во 2017 кога сте земале држава со 46% јавен долг и остававте држава со 39, денес можеби немаше да разговараме за вашето поведение, но кога ќе оставите држава со 60, а ние ја намалуваме на 55 и вие велите малку е, а сте ја зголемиле на 60. Оставивме држава во којашто имаше за камати 132 милиони евра, а денес имаме за камати 342 милиони евра, тоа се економските политики на Социјалдемократскиот сојуз. Оваа следна година и наредната треба да вратиме 5,1 милијарда за две години долгови направени од минатото за ваучери во Охрид, не за автопати. Значи, покрај тоа што треба да вратиме 5 милијарди, се градат шест автопати паралелно и сè она што значи функции на државата се исполнети“, дециден е Пренџов.






