28.12.2022

Стојкова Серафимовска: Владата нема стратегијата што да прави со животната средина, оваа година предвидени се нула денари за аерозагадување

Програмата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се реализира. Да не се дава погрешна перцепција на граѓаните и да не велиме дека ВМРО-ДПМНЕ е криво за една година а претходно 6 години никој не беше крив. Не треба да мешаме политика, бидејќи се работи за чист воздух, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

„Потребно е да испратиме порака до граѓаните дека сите сме загрижени а не да се обвинуваме едни меѓу други“, рече Стојкова Серафимовска.

Таа посочи дека во Собрание овие проблеми не може да се решат бидејќи се нема слух од мнозинството. Оваа година има нула денари во програмата за аерозагадување.

„Ако го погледнете буџетот и ако видите за зелен развој и оваа година дека се намалени средствата , тогаш не може да правиме политичка дебата кој е крив кога стратегијата ја немате. Немате ниту стратегија како Влада, ниту што да правите со животната средина“, вели Стојкова Серафимовска.

Стојкова Серафимовска истакна дека намалени се средствата за зелен развој во 2021 година катастрофална беше сумата, па уште се намали и во ребалансот, за да во 2022 година на самиот почеток со одлука во службен весник објавена се префрлаат сите средства од зелен развој за енергетика и електрична енергија, а при тоа за аерозагадување имаме нула денари.

Таа посочи дека има доста материјал што било ветено во 2016 и 2020 од СДСМ на избори, СДСМ и ДУИ ја имаа претходно власта и на локално ниво и сега не може за една година да велат дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за загадениот воздух. Ние континуирано дишеме загаден воздух во Скопје и во други градови, тука има институционална одговорност, а на институциите им требаат закони. Ако не се донесени тие или се лоши, по автоматизам и континуитетот на загадувањето продолжува.

Таа истакна дека Собранието треба да овозможи законски решенија и механизми кои локалната власт треба да ги имплементира.

– Ние сме таму за да бидеме гласноговорници за потребите на народот  и уште од самото основање на интерпарламентарната еко група почнавме со интензивна соработка, вклучени се 35 невладини од цела Македонија и заедно ги работиме предлозите за амандмани, тие може секој да ги потпише, но за жал само пратениците од опозиција ги потпишуваат тие амандмани, и не се гласаат бидејќи се знае кое е мнозинството во Собрание, односно СДСМ и ДУИ, рече Серафимовска Стојкова.

Таа посочи дека оваа година ниту еден амандман не е прифатен, а беа со скромни суми за да се решат проблемите со аерозагадувањето

– Секоја година се повторуваат и не се прифаќаат од страна на власта. Во однос на законските регулативи што се случува со Законот за комунална полиција, најавуван и во програмата, започнаа со реторика и нема ништо. Станува збор за комунална полиција која би ги детектирала овие загадувања на локално ниво, но законот го нема. Во 2018 имало и јавна расправа за загадувањето и во заклучоците е тоа и сепак го нема, истакна Стојкова Серафимовска.