02.10.2023

Ристески: 240.000 пензионери не можат ги задоволат основните потреби со минимално покачување од 700 до 1000 денари

Покачувањето на власта не ги задоволува потребите на пензионерите и тоа е факт.   Со ова минимално покачување од 700 до 1000 денари добиваат 240.000 пензионери, што е две третини од пензионерите. Треба да се најде решение за проблемот на пензионерите за и оние со најниски пензии да добијат бенефит, изјави Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Анализа на ТВ24.

– Ако добро се распределат парите и нема да трпи буџетот и со линеарно покачување. Власта видовме дека е неспособна. Ние мора во иднина да работиме и на зголемување на буџетот за фондот. Тоа може да се направи и со кратење на непродуктивни трошоци, но и со сузбување на сива економија. Имаме 34% сива економија повеќе од Косово и Албанија, истакна Ристески.

Ристески посочи само еден банален пример како власта работи недомаќински и криминално, 82.000 евра премиерот троши за спонзорирање на Фејсбук, ако се поделат со денешното покачување од 12 евра, ќе добиете 6800 пензионери повеќе пари.

– Не мислам дека некој би бил оштетен ако се направеше линеарно сите да добијат покачување. Доколку се изнајде добро законско решение за пензионерите, ние стоиме да дадеме поддршка, но да ја викнат и опозицијата и пензионерите и да се најде решение кое ќе биде добро за нив. Има начини да се направи. Сега пензијата минимална е  34% од просечната плата, ако е 45% од просечната плата, тогаш минималната пензија ќе биде 16.437 денари.