„Владата е стабилна, функционира стабилно со полна пареа имаме стабилно мнозинство. Отколку волјата на албанските гласачи јас ќе кажам дека волјата на македонските, албанските и сите граѓани на Република Македонија јасно изразена беше на изборите минатата година и добивме и ние како ВМРО-ДПМНЕ, како Алијанса за Албанците, ВРЕДИ, ЗНАМ сите добивме кредибилитет за она што го ветивме пред изборите дека ќе се бориме против криминалот, корупцијата, олицетворение на ДУИ и СДС и ние тоа го направивме, ние после толку години ветивме дека ДУИ ќе замине во опозиција и замина во опозиција. Треба да биде јасно дека таму и ќе остане, ние“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески во вчерашното гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ24.
Ристески посочи дека Таравари треба да излезе со релевантни факти зошто го прави ова бидејќи тука има доста сомнежи околу причината за ваквиот однос.
„Ние ветивме бескрупулозна борба со криминалот и корупцијата и за овие 10 месеци апсолутно тоа го правиме и тоа ќе продолжиме без разлика дали тоа му се допаѓало на Арбен Таравари, Али Ахмети, Венко Филипче. Ние ќе продолжиме со тоа што сме го добиле како доверба од граѓаните на Република Македонија без разлика дали се Албанци или Македонци и албанскиот електорат даде поддршка на борбата со криминалот и корупцијата и она што ДУИ го правеше со дивеење со државните ресурси во изминатите 20 години додека беа на власт. Јасна беше волјата и на албанските гласачи ја дадоа довербата на оние кои застанаа против ДУИ“, заклучи Ристески.