04.10.2023

Мицкоски: ЕУ треба да покаже почит за отстапките кои ги направивме и волја Македонија да ја види како земја членка на ЕУ

Во вечерашниот дневник на ТВ Сител во „Тема на денот“ гостуваше  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека Бугарија мора да покаже добра волја, а меѓународната заедница да покаже дека навистина сака да ја види Македонија таму после се што направи Македонија како лојален сојузник на европската заедница.

„Која е мојата гаранција, ако не видам добра волја од Бугарија да почитува одлуки на Европски институции дека и ако успешно фуриозно ги завршиме сите поглавја и преговори дека на самата ратификација на протоколот нема да добиеме вето. Треба за тоа да размислуваме“, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоски додаде и дека Бугарија мора да покаже добра волја, а меѓународната заедница да покаже дека навистина сака да ја види Македонија таму после се што направи Македонија како лојален сојузник на европската заедница.

„И одложено дејство е опција. Бугарија мора да покаже добра волја, а меѓународната заедница да покаже дека навистина сака да ја види Македонија таму после се што направи Македонија како лојален сојузник на европската заедница. Откажувајќи се од многу национални атрибути, кои што начнаа во македонскиот национален идентитет, кои што никој претходно не го направил од тие земји членки. Се откажавме од знаме 90-тите, менувавме банкноти, менувавме устав 6-7 пати, нова територијална поделба, на насилен начин се промени Устав и име и ниту една од овие сите  земји членки не направи ни приближно. Тоа е суштината ние не бараме ништо повеќе од тоа што го бараа другите“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека треба за да видиме добра волја од ЕУ треба да се интервенира кај Бугарија и бугарската влада  да барем тоа кое е нејзина обврска според многу меѓународни договори да го почитува судот за човекови права.

Мицкоски нагласи дека за македонската заедница во Бугарија има 14 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур, јасни пресуди од кои 6 се задолжителни.

Ако ЕУ не може да ја натера Бугарија ова да го почитува како ќе гарантира дека ова не е последно бугарско барање и нема да има вето, изјави Мицкоски.