Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостување во „10 Минути“ на ТВ21 зборувајќи за сомнителниот договор на Владата за Коридорот 8 и 10Д, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не е против изградбата на автопати, но не на ваков начин и со вакви нетранспарентни договори.
„Ние не сме против изградба на автопати и ова јавно сакам да го кажам, секогаш ќе го кажувам. Секој еден автопат во Македонија е одлична работа и сите овие проекти беа во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, но не на ваков начин со ваков договор. Прво и најважно е што македонската јавност го нема видено договорот за овие автопатишта“, истакна Мисајловски.
Тој исто така додаде дека со законите кои се доставени до Собранието како резултат на преземените обврски на Владата во овој договор се загрозува уставниот поредок на Република Македонија.
„Предлози на закони уште тогаш они размислуваа, кога го доставуваа овој фамозен закон за овие автопати наведен како стратешки договор и во тој период сакаа да има различни закони но не знаеја што прават. Во тој момент они ако знаеле дека треба да се сменат законите, тогаш ќе ги доставеа во таа процедура. Зашто ова го велам? Бидејќи сега кога се доставуваат овие закони се прави огромна штета, бидејќи веќе е потпишан договор и некој преземал обврски во тој период за нешто што не го сменил и тоа е многу симптоматично. Дури слушнавме во изјавите, што е многу сериозно, дека ВМРО-ДПМНЕ било против и тоа е така против било. Против да нема закон за градење, ВМРО-ДПМНЕ е против да нема закон за урбанизам и ние сме против да нема закон за експропријација. Со овие 8 закони што беа пуштени во Собранието, од кои два се во мојата комисија со која јас претседавам, се загрозува уставниот поредок на Република Македонија“, потенцираше Мисајловски и додаде:
„Овој договор не смее да биде таен. Овде нема клаузула било каква за тајност. Ова мора да биде јавен договор бидејќи се јавни пари. Еве прашувам дали во тој договор стои клаузула за доверливост? Нема таква клаузула и за ваков тип на договори не смее да има