03.06.2025

Димитровска: Граѓаните ја препознаваат промената, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради и инвестира за својот народ

„Верувам дека правиме една поинаква перцепција за тоа како се гради една политика, верувам дека може да изградиме поинаква политика и мора да биде поинаква. Мораме да ја промениме перцепцијата за политиката. За жал македонскиот народ има една поинаква слика за политичарите, што можеби е оправдано од искуството од минатото. Политиката мора да биде поинаква од она што беше до сега . Оваа Влада и нашето парламентарно мнозинство го докажуваат токму тоа, дека не сме сите исти. Ние сме сервис на граѓаните и носиме решенија исклучиво во нивна корист”, истакна пратеничката Катерина Димитровска во вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува, УЖ”, насловен „Дали политиката може да биде поинаква?”.

Димитровска говореше за новиот пристап во политиката, односно пристап што значи одговорност и работа во интерес на граѓаните. Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ја има довербата од граѓаните, а за тоа зборуваат делата, не зборовите, и дека вистинската политика се води на терен, во директен контакт со граѓаните, преку разговор и поддршка.

„Граѓаните ни ја дадоа довербата и сега ние треба да си ја оправдаме истата таа доверба. Тоа е и најголемата одговорност, но и најголемата чест. Можам слободно да кажам дека народот ни верува. Не со зборови, туку со делата кои ги правиме. Не по маркетинг туку по принципи. Кога ќе видат дека нешто што сме го ветиле го сработуваме, дека нешто што ни го кажале го процесуираме во Собранието и така се гради довербата на народот и нели на целата држава. Има многу да се работи, системот не се менува преку ноќ, но веќе се гледа разликата, гласот на народот се слуша, не само во кампањи туку и после изборите. Ние сме таму да им служиме, а не да владееме. Јас верувам во една поинаква политика што не бега од народот, туку оди кај него. Политика што е народна и тоа е патот што го одиме чекор по чекор, истрајно, со визија, со срце и така градиме една доверба”, посочи Димитровска.

Димитровска се осврна и на борбата против корупцијата и истакна дека прв пат по долги години гледаме резултати, институциите постапуваат, а предмети што се држеле во фиоки повторно се разгледуваат.

„Корупцијата се решава системски, со политичка волја и со личен пример. Прв пат по долги години гледаме дека таа волја постои, барем од врвот на Владата. Гледаме резултати, институции што почнуваат да постапуваат, предмети што се држеле во фиоки пак се разгледуваат, имаме функционери кои не ја сметаат државата за своја сопственост”, вели Димитровска.

Во делот за локалниот развој, таа подвлече дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат резултати и истакна дека со поддршката на Владата се реализираат големи капитални инвестиции кои на долгорочен план значат развој и подобар животен стандард за својот народ.

„Секоја општина се развива подеднакво каде што имаме градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Секој градоначалник работеше посветено изминативе години и тоа веќе се гледа. Денес со поддршка на Владата имаме големи капитални инвестиции насекаде, не само во општините каде што е ВМРО-ДПМНЕ, туку во сите општини и тука покажавме дека не сме исти. Има разлика во пристапот и во резултатите и тоа веќе се гледа. Ние сме само една година на власт во оваа борба за обнова и напредок, а веќе граѓаните ја препознаваат промената, гледаат дека се гради и се инвестира”, заклучува Димитровска.