На денешниот саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на панел дискусија на тема „ИТ и дигитализација“ свое обраќање имаше Драган Јовевски, член на ИК на УМС кој што истакна дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ нуди мерки и проекти за подобрување на условите во ИТ областа, а такви проекти се воведување на виза за дигитални номади, воведување на „PayPal“ во Македонија, изготвување на правна рамка и создавање на поволни услови за инфлуенсери, легализација на криптовалутите, еднаква можност за сите преку програма за дигитална вклученост, дигитализација на библиотеките и архивите, можноста за хибриден начин за работа во институциите и компаниите, грантови за старт-ап бизниси и многу други се со цел воведување повисоки стандарди и подобри услови во ИТ областа.
„Подолг период свесни сме дека иднината е во ИТ секторот и во информатичките технологии. Во моментот ИТ секторот во Македонија функционира добро, и тука има доста простор за подобрувања кои може и мора да се случат во блиска иднина за да се достигне целиот потенцијал. Но и тука во ИТ секторот се соочуваме со иселување на квалитетниот кадар од Македонија како и во сите останати области но има и квалитетни кадри кои работат од Македонија, работат за странски компании за странскиот пазар. Малку се тие компании нудат европски услови. Со мерки и проекти може да се подобрат условите во Македонија за ИТ секторот, треба да се мотивираат и да се подобрат условите на македонските компании за да достигнат европски стандарди. Затоа ние како млади имаме идеи како да се подобрат условите, како да ја подобриме бизнис климата во ИТ областа. Овде можете да видите 10 тина проекти кои ние како УМС направивме анализа и истите ги дадовме како предлог проекти а тие 10 проекти се воведување на виза за дигитални номади, воведување на „PayPal“ во Македонија, изготвување на правна рамка и создавање на поволни услови за инфлуенсери, легализација на криптовалутите, еднаква можност за сите преку програма за дигитална вклученост, дигитализација на библиотеките и архивите, можноста за хибриден начин за работа во институциите и компаниите, грантови за старт-ап бизниси и тн. Како најинтересен проект овде го сметам визата за дигитални номади, тоа се лица од ИТ областа кои немаат постојана локација, постојано се во движење и можат да работат од било кое место во светот“ нагласи Јовевски.
Пратеничката Марија Петрушевска истакна дека лидери во ИТ технологијата на светско ниво се Шведска и САД но и останатите Балтички земји, кои впрочем се познати како земји со владеење на правото и земји без корупција, што е сосема различно од состојбата во Македонија.
Таа додаде дека ние сме земја која што многу милува да првзема обврски, меѓутоа влада која што апсолутно не успева да ги испорача истите, ние сме дел и од дигиталната агенда на Европа за Западен Балкан, која што значи вмрежување и споделување на знаења и искуства во делот на дигиталната агенда, за жал тука не гледаме резултати, впрочем и не дебатираме во таа насока.
„За жал, ние се соочуваме се уште со многу низок степен на владеење на правото, Македонија важи не само за високо корумпирана земја, туку истовремено важи за земја која што е четврта во Европа по сиромаштија и земја која што има нешто повеќе од 700 илјади иселени граѓани и скоро половина од тие се млади луѓе. Тие млади луѓе кои што заминуваат, за жал пред се, се високо квалитетна работна сила, меѓутоа и легитимно луѓе кои што со право ја гледаат својата иднина надвор од Македонија. Она што е во делот на секојдневието и кој што прилично ни го отежнува функционирањето, не само на младите туку до толку повеќе и на возрасните, е тоа што немаме јавни услуги и јавен сервис кој што може да биде достапен само со еден клик, барем за оние кои што ги користиме овие паметни мрежи или смарт технологија. Имено, ние за жал, се уште се соочуваме, како граѓани но и како млади луѓе, со редици, со недели, со месеци чекања пред институцуиите за да извадиме еден извод, еден пасош или било кој личен документ кој што сите наши други генерации во Европа но и во регионот, тоа можат да го направат со само еден клик“, рече Петрушевска.