На синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува – Една година Влада“, гостуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој говореше за тоа дека од неговото доаѓање имаме нови 120 дигитални услуги, дека се намалени гужвите по шалтерите и дека најбараните услуги за граѓаните, веќе се на дофат побрзо и поефикасно од било кога, а доказ за тоа е зголемувањето на месечните корисници од 1000 на 6000 корисници.„Бројката се зголемува од 1000 трансакции месечно на 6000 трансакции месечно, многу јасно зборува колку луѓето ги користат електронските услуги многу повеќе од колку што ги користеле во минатото. Исто времено, можам да забележам дека гужвите на шалтерите, барем во Управата за водење на матични книги, не се ништо споредено со она какви беа минатата година“, истакна Андоновски и додаде. „Наша задача е сите услуги од УВМК како венчавка, регистрација на новороденче, па и закажувањето на венчавка, да го пренесеме на националниот портал uslugi.gov.mk. Ние имаме ветено во програмата на партијата, дека една од првите услуги коишто ќе бидат крупни и дигитализирани е регистрацијата на новороденче и до крајот на годината и таа ќе ја решиме’’, рече Андоновски.Во однос на измените на Законот за електронски документи, Андоновски нагласи дека сега електронскиот документ е прифатен исто како и хартиениот, што е уште едно реализирано ветување пред граѓаните. Со отворањето на 3 нови ЕТУ во Македонија, министерот истакна дека сите граѓани имаат пристап до услугите, без разлика дали имаат електронски уред или не.„Според мене дигитализацијата треба да им помогне на сите, не само на оние кои што ќе се снајдат, туку ние треба да се снајдеме за нив. Затоа и имаме отворено во една година 3 нови центри, додека сите изминати години се отвориле 5 центри. Во наредниот период ќе имаме нови 3 центри, а до крајот на годината мислам ќе го исполниме ветувањето од 10 нови центри во државата. И тие центри се малку и да ги едуцираат граѓаните’’, потенцираше Андоновски.Министерот за дигитална трансформација истакна дека се работи на владина апликација која ќе биде апликација за сите граѓани, во која ќе се има пристап до сите услуги кои ги нуди националниот портал, но исто така ќе имаме и дигитална лична карта и возачка дозвола.„Со апликацијата, имаме идеа да се симнеме во телефоните на луѓето и практично да вие имате можност да ги користите овие дигитални алатки, електронската верзија на личната карта и возачката дозвола, и електронските услуги. Одлуката да имаме една апликација е за на таа апликација да се влечат сите услуги од здравство, административни услуги и други’’, соопшти Андоновски.Тој сподели 3 големи дигитални потези кои ќе ги спремаат понатаму, а во интерес на граѓаните.„ Прво, многу ревносно ќе работиме на апликацијата и наш таргет е 1 октомври да ја пуштиме за граѓаните во тест верзија и дигиталниот самит кој ќе биде најголемиот настан за дигитализација во поширокиот балкански регион. Втора работа којашто можам да ја најавам од оваа емисија се терминали за услуги. Нешто што го ветивме и во програмата, тоа се спакувани центри за услуги во еден банкомат, вака најпластично објаснето за пристап на секој граѓанин до основните 5-6 услуги кои што ќе ги имаме на тој терминал. Третата алатка која што е во Владина процедура веќе за првпат ќе донесеме Закон за пристапност на лица со попреченост до веб страниците и мобилните апликации. Обврска на сите институции ќе биде да своите веб страници ги прилагодат со соодветни темплејти, за лицата со попреченост, особено на видот но и со други алатки кои им стојат на располагање’’, заклучи Андоновски.
