Четиригодишен развој на Гази Баба, изградени две нови спортски сали, голем број спортски центри и терени, асфалтирани 120 улици, се градат училишта и градинки

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години, значеше голема трансформација и развој на општините. И покрај опструкциите на поранешната влада, со одлучност за промени и визија за развој на општините, градоначалниците изнаоѓаа начини и средства за инвестиции. Општина Гази Баба во изминатите четири години го бележи својот најголем историски развој, инвестирајќи во сите […]

Read more »

За многу години Успение на Пресвета Богородица, ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита големиот христијански празник

На сите православни верници ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица. Мајката Божја е симбол на скромноста, трпеливоста, човечноста, споделувањето на радоста и тагата и подавањето рака секому кому му е потребна. Со обележување и празнување на Успението на Богородица, ги празнуваме, почитуваме и вреднуваме вековната традиција, семејството и семејните вредности, […]

Read more »

Димитриеска Кочоска: Меморандумот за соработка за развој на пазарите на капитал со 7 земји од ЕУ е со цел да му помогнеме на приватниот сектор да има пристап до полесно финансирање

/

На Телевизија Сител во „Тема на ден“ гостуваше потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска. На самиот почеток Димитриеска Кочоска истакна дека Македонија била единствената земја која не била земја членка на ЕУ, а го потпишала овој Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал со уште седум земји членки на Европската Унија. „Она кое […]

Read more »

Од јахта ли ги бираше Филипче кандидатите за градоначалници?

СДС избра уште 11 луѓе кои се спремни да го понесат поразот на претстојните локални избори. Филипче избра анононимуси, луѓе предложени од Заев. Кандидати кои никој не ги знае, без никаков минат труд и без резултати зад себе. СДС не може да понуди луѓе со визија и конкретни дела, гледаме список на имиња без докажани успеси. […]

Read more »

Ушинова од Штип: Стартува акцијата Предложи! Вистинската идеја за вашата општина – Очекуваме голем одзив и идеи од граѓаните, со цел да бидат ставени во изборната програма

Ние очекуваме голем одзив и масовност од страна на нашите сограѓани, затоа што сакаме проектите коишто ќе бидат вградени во следната изборна програма да произлегуваат токму од нив и од нивните потреби.  Сведоци сме на урбанистичко-инфраструктурна трансформација на нашиот град во последните четири години, затоа ние ќе се обидеме сите комунални, инфраструктурни, други проекти од […]

Read more »

Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки – Пуштена е вода и нема никаде протекување

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување. На првата шахта е монтирана една репарациона спојка, на втората шахта монтирани се две репарациони спојки, на делот каде што се спојува цевката Ф273 со Ф914 – извршено е заварување со дупли лимови.  Останува уште […]

Read more »

Денот во 60 секунди – МОН обезбедиучебници за сите ученици, Германија силенподдржувач на европскиот пат наМакедонија  

Растот на економијата во првиот квартал од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот.  Германија силен поддржувач на европскиот патна Македонија- министерот Мисајловски насредба со германското атеше.  МОН обезбеди учебници за сите ученици настартот на новата учебна година, нема повеќедоцнење.  Андоновски и Владев официјално го отворијаЦентарот за услуги „ЕТУ Свети Николе“.  Доаѓа времето на Македонија!  https://www.facebook.com/share/v/178pzQHupH/?mibextid=wwXIfr

Read more »

Шукова позната како трујач на скопјани се слика кај „ОХИС“, најголемата рана на Скопје – депонија со линдан која нејзината партија СДС ја премолчуваше

Екс-министерката Шукова позната како трујач на скопјани, кога веќе реши да позира покрај „ОХИС“, нека се потсети дека таму стои најголемата отворена рана на Скопје – депонијата со линдан, канцерогената бомба што со години го труе нашиот град, а таа и нејзината партија ја премолчуваа. А кога веќе спомнува кафе и прошетки, нека застане и […]

Read more »

Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот 

Наместо да се манипулира со јавно објавени и достапни податоци и показатели за економската состојба, во продолжение неколку факти за „успешните економски“ политики на претходната Влада за која што говореше лидерот на опозицијата:  Просечниот раст на БДП во периодот 2017-2023 во Македонија изнесуваше 1,8% што е едно од наjниските во Европа и за жал најмало споредено со земјите од регионот (БиХ 2,9%, Словенија 3,2%, Хрватска 3,5%, Албанија и Црна Гора 3,5%, Србија 3,6% и Косово 3,8%).  Како Владата се справи со кризата и пандемијата говори и фактот што и тука податоците покажуваат дека повторно земјата имаше најнизок просечен раст од 1,2% споредено со земјите од регионот, што говори за успешноста и ефективноста на мерките.  Оттаму, посочените „2 милијарди евра“ за поддршка на граѓаните и фирмите резултираа во зголемување на државниот долг во однос на БДП за повеќе од 10 процентни поени во 2020 споредено со 2019 година, што повторно е најголемо зголемување споредно со земјите од непосредното опкружување, а резултатите од тоа задолжување е најнизок раст.  Дополнително за тоа како се потрошени парите за мерките и активностите за поддршка за вработувањето погодени од здравствената криза предизвикана од Ковид-19 говори и извештајот на Државниот завод за ревизија.  Постојаната манипулација и извртување на тезите (спинување) не можат да го оспорат фактот дека по подолг период економијата закрепнува три последователни квартали, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот односно 6 ти највисок по објавувањето на податоците за сите земји, податок објавен на Евростат.  Во периодот од јули 2024 година до јуни 2025 година, просечниот раст на нето платата во Македонија изнесува 10,1%. За споредба, во текот на целото седумгодишно владеење на СДСМ, просечната плата се зголемуваше во просек за 8,2%.  Поразително е што и ваквиот раст е во најголема мера резултат на драматичниот пораст на цените, којшто беше меѓу највисоките во регионот и Европа. Доколку се исклучи ефектот на растот на цените, просечниот раст на реалната нето плата изнесуваше само 3,5%, и покрај потрошените милијарди евра за справување со кризите и наводно зачувување на животниот стандард.  За споредба, во периодот од јули 2024 година до јуни 2025 година, реалниот раст на платите, оној од кој се исклучени ефектите од цените, изнесува 6,4%, односно е речиси 3 процентни поени повисок во споредба со претходната власт.  И доколку се гледа синдикалната минимална кошничка, во мај 2024 година просечната плата покривала 68,7% од кошничката, додека во јуни 2025 година нејзината покриеност изнесува 70,3%.   Земјите од ЕУ и регионот исто така се соочија со значителни инфлациски притисоци, но повеќето земји успеаја успешно да го амортизираат ударот од ценовниот шок, додека Македонија во периодот на кризата регистрираше рекордно високи стапки на инфлација кои кулминираа во октомври 2022 година (19,8% на годишно ниво).  Од земјите од Западен Балкан во 2022 година, Македонија има највисока стапка на инфлација од 14,2% и додека стабилизирањето на цените кај повеќето земји од регионот во 2023 година одеше со побрзо темпо, Македонија повторно се најде во групата на земји со висока инфлација односно 9,4% во 2023 година.  Неуспешното менаџирање со ценовната криза и популистичките мерки доведоа трајно зголемување на нивото на цените кое сега го плаќаат граѓаните. Цените во категоријата Храна и безалкохолни пијалаци кои имаат најголем придонес во пресметката на вкупната инфлација во 2022 и 2023 година регистрираа двоцифрени стапки на раст од 20,9% и 11,7%.  „Ефектот“ од политиките најдобро се огледа во фактот што во периодот 2020-2023 просечната плата се зголеми за 34,7%, а минималната за 35,1%, но цените на храната и безалкохолните пијалаци во истиот период се зголемија за 39,2% и тука завршува манипулацијата за зголемувањето на стандардот особено на најзагрозените категории граѓани.  https://www.facebook.com/share/p/1DFiQugnrC

Read more »

Таравари не излезе од Владата поради грижа за правата на Албанците, одговорите нека ги побараат во обврските преземани за инвестицијата Ѓока

Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор.   А вистината зошто излегоа од Владата не се крие во грижата на Таравари за Албанците ниту пак борбата за некакво подобрување на нивните права.   Вистината е многу едноставна и болна. Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика Ѓока. Какви обврски превземал и какви услови прифатил. Тоа не е наш проблем. Оставаме сами да си ги решат. 

Read more »