Членувањето во партијата е доброволно.
Член на партијата може да биде секој полнолетен и деловно способен граѓанин со македонско државјанство кој ги прифаќа програмските определби и цели содржани во Статутот и програмата на партијата и кој не е член на друга политичка партија.
Член на партијата може да биде и припадник на македонскиот народ во дијаспората.
Зачленувањето во партијата се врши со писмена изјава за зачленување (пристапница).
Пристапницата се доставува до општинскиот комитет, лично или препорачано, преку пошта.
По исклучок од ставот 1 на овој член, пристапница може да се поднесе и до генералниот секретар на партијата, кој е должен за тоа да го извести надлежниот општински комитет.
Приемот на членот важи од денот на приемот пристапницата.
Формата и содржината на изјавата за зачленување (пристапницата) се уредени со Правилникот за водење и ажурирање на регистарот на членови.
За правата и обврските на членовите на партијата подетално погледнете го Статутот на партијата
Донации
Партиите може да примаат донации од домашни правни и физички лицавкупниот износ на поединечната донација не смее да ја надмине сумата од 60 просечни нето плати од правни лица и 30 просечни нето плати од физички лица во Републиката, исплатени во претходниот месец и објавени од Државниот завод за статистика. Овој износ не смее да биде кумулиран повеќе од еднаш годишно. Ако висината на донацијата е поголема од износот утврден во ставот 1 на овој член, политичката партија не смее да ја користи и е должна веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на добивањето на донацијата, разликата меѓу дозволената и донираната вредност да ја врати на донаторот. Ако не може да се утврди потеклото на донацијата, политичката партија е должна веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на добивањето на донацијата, донираната вредност да ја префрли на Буџетот на Република Македонија.
Правните и физички лица своите донации за ВМРО-ДПМНЕ може да ги уплатат на следната сметка: 200001643983346. Со цел на дознака: Донација.