Одлука за основање на младинската организација донесува конгресот на партијата.
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ претставува организација која ги застапува младите во Република Македонија. УМС е организација која е отворена за сите млади луѓе кои имаат желба за политички активизам насочен кон подобрување на животот на младите во Македонија.
УМС постојано работи на подигнување на националната свест кај младите луѓе во Македонија, на промоција на идеологијата и идејата на ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ како историски континуитет, како и кон целокупното подобрување на животот на секој еден млад човек во државата.
За таа цел, УМС е организација која е постојано помеѓу средношколците, студентите, поединци и организации кои се активно вклучени во политичкиот живот во Македонија и во борбата за инкорпорирање на нашите вредности и принципи на секое ниво од младинскиот живот. УМС негува блиски односи, се вклучува во меѓународни иницијативи и активности и одржува постојана соработка со подмладоците на сестринските партии од Европската народна партија и разни политички организации од Европа и светот. УМС е насочено кон принципите на европската инклузија и има јасна визија за Македонија како неразделлив дел од европското семејство. Активностите на УМС во Европа се насочени кон градење на вистински пријателства за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија како рамноправна на европските држави и партии.
УМС делува врз основа на политичките насоки определени од Програмата, Статутот на партијата и Деловникот за организациона поставеност и работа на органите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Деловникот за организациона поставеност и работа на органите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го усвојува ИК на ВМРО-ДПМНЕ на иницијатива на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.