Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ги застапува и шири идеите нa ВМРО-ДПМНЕ, ги брани и застапува интересите на жените и нивното учество во рамки на партијата, но и пошироко во нашето општество.
Ја промовира и организира активноста на своите членки, развива политичка дебата и развива политички стратегии кои имаат за цел промоција на идеите на партијата и европските вредности во целина.
Унијата на жени целосно ги прифаќа и дејствува во согласност со Статутот и Програмата за работа на ВМРО-ДПМНЕ, но е самостојна во спроведувањето на своите цели и задачи утврдени со Деловник за работа на органите на Унијата на жени, Правилник за организациона поставеност на Унијата на жени и Програмата за работа на Унијата на жени.