05.01.2026

Шамбевски: Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ успешно ја спроведе хуманитарната акција Солидарноста на дело

Почитувани,

Сакам од се срце да ви се заблагодарам на секој еден од вас кој се приклучи и донираше во хуманитарната акција Солидарноста на дело, организирана од Градскиот комитет на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Акцијата е успешно завршена, а донациите се веќе поделени на семејства на кои навистина им беа најпотребни. Благодарение на вашата хуманост и солидарност, заедно направивме неколку десетици семејства, празниците да ги дочекаат со повеќе надеж, достоинство и топлина. Ова не е заслуга на поединци туку на сите нас заедно, доказ дека кога сме обединети можеме да направиме вистинска разлика.

Ви благодарам уште еднаш на секој кој помогна, продолжуваме и понатаму да бидеме таму каде што е најпотребно.

https://www.facebook.com/share/v/18GJh3Jf8n/?mibextid=wwXIfr