07.09.2026

Стојаноски: Oсум квартали по ред економијата расте со најмалку 3%, а најновиот раст е 4,3%

ЈАСНО ДА ЈА ВООЧИМЕ РАЗЛИКАТА ВО ЕКОНОМСКИОТ РАСТ. 
За владата на СДС/ДУИ го земаме периодот Q2 2017 – Q2 2024, вкупно 29 квартали.
За ВМРО – ДПМНЕ го земаме периодот Q3 2024 – Q2 2026, вкупно 8 целосни квартали.
Мериме реален годишен раст на БДП во однос на истиот квартал претходната година.
Во 29-те квартали од Q2 2017 до Q2 2024 просечното темпо на реален економски раст е околу 1,9%. 
Во првите 8 целосни квартали на актуелната власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата е околу 3,5%. 
Разликата е над 1,9 процентни поени на страна на сегашната влада или над 90% повисоко просечно темно на раст! И за никој да не каже дека споредбата ја искривува времето на ковид, ако целосно ги извадиме 2020 и 2021 година, претходниот просек е околу 2,5%. 
Односно ако од пресметката ги извадиме целосно 2020 и 2021 година, просекот на раст е 2,5% наспроти 3,5 проценти на сегашната влада.
Значи и без ковид сегашното темпо на раст е околу 40% повисоко.
А разликата не е само во просекот — туку и во стабилноста.
Според кварталните соопштенија на ДЗС, осум квартали по ред економијата расте со најмалку 3%, а најновиот раст е 4,3%.
Бројките директно покажуваат каква е разликата.

https://www.facebook.com/share/p/1cYA11ftMH