28.07.2025

СДС дипломатијата ја сведе на распродавање на државните интереси, а Фатон Бејта четири години „служеше“ како турист-амбасадор во Копенхаген

Прес-конференција држи Фатон Бејта, човек кој четири години „служеше“ како турист-амбасадор во Копенхаген: Ниту една инвестиција, ниту една официјална посета, ниту еден конкретен резултат.

Државата ја претставувал како лична екскурзија, на трошок на граѓаните.

А што се однесува до обвинувањата, препознатливи се по ракописот.

СДС, партијата позната по своите порази, политички манипулации и фабрикувани конструкции, уште еднаш се обидува да ја замени реалноста со театар.

СДС потфрли на секое поле, дипломатијата ја сведе на распродавање на државните интереси и обележја за свои лукративни причини и профит на малкумина од врхушката на СДС.

Државата сега оди напред, и тоа ги боли.