21.08.2025

Лозарите низ вода беа пуштени во времето на СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ презема низа чекори за стабилизирање и унапредување на лозарството

Обвинувањата на СДС се неосновани, наместо конструктивни предлози, тие се обидуваат да ја манипулираат јавноста.

За разлика од претходната влада предводена од СДС кога лозарите беа запоставени и откупните цени на грозјето беа ниски, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни мерки за поддршка на винариите и лозарите.

Владата, преку Министерството за земјоделство, останува посветена на поддршката на целокупниот аграр – како на лозарите, така и на винариите.

Мерката за финансиска поддршка од 2 денари по литар вино на не повеќе од 4.000.000 литри вино по корисник, има за цел да се стимулира производството и откупот, што индиректно значи зголемена побарувачка за грозје од домашните лозари.

Мерката со поддршка од 2 денари по литар вино за винариите не е на штета на лозарите, туку дел од поширок механизам за зголемување на откупот и одржување на пазарната стабилност.

Тврдењето дека лозарите се „пуштени низ вода“ е целосно неточно и тенденциозно. Владата и Министерството за земјоделство во изминатиот период преземаа низа чекори за стабилизирање и унапредување на лозарството – сектор кој беше запоставуван со години.

Секоја мерка што ја носи Владата и Министерството е во корист на земјоделците и е насочена кон создавање услови за одржлив развој кој ќе обезбеди достоинствен живот на сите оние кои работат во земјоделскиот сектор.