28.09.2025

Кандидатот на СДС, Заев и Филипче – Стевчо во паника дека нема да може да ги доврши зделките со Пуцко па се симна во калта која му е природна средина


Кандидатот на СДС, Заев и Филипче – Стевчо Јакимовски, кога виде дека нема аргументи, кога гледа дека карпошани гледаат дека не направил ништо од тоа што го ветил, почна да го фаќа паника.

А кога Стевчо, осудениот криминалец, кандидат на СДС, Заев и Филипче го фаќа паника, тој почнува со својот уличен речник и се впушти во калта која му е природна средина.

Стевчо кој неуморно се бори за интересите на Пуцко Петрол и градежната мафија, кој очигледно се гледа себеси дебело во тие зделки е нервозен затоа што нема да биде градоначалник, а со тоа и нема да ги доврши зделките кои ги почнал.

За Стевчо има многу што да се каже, а за тоа знае секој градежник во Скопје. Но Стевчо пред сè треба да каже јасно зошто лажеше 2021 година.

Стевчо кандидатот на СДС, Заев и Филипче да каже:

1.Каде е подземниот паркинг во Лептокарија, фонтаната најубава во Македонија и новите фасади за зградите, сè на сè проект од 4 милиони евра?

2.Каде е катната гаража на Орце Николов, и зошто не е решен проблемот со паркирањето таму?

Џабе паниката Стевчо, сите знаат дека си кандидат на СДС, Заев и Филипче, во надеж дека преку тебе ќе тераат градежни бизниси со Пуцко петрол нивниот коалиционен партнер од ДУИ.