СДС е заробен во сопствените политички фантазии.
Психичката вознемиреност која очигледно владее во врвот на СДС доживува драматична ескалација.
Наместо рационален политички дискурс и аргументирана дебата, јавноста повторно гледа настапи исполнети со паника, конфузија и конструкции кои се распаѓаат во моментот кога институциите ќе ги проверат.
Начинот на кој дел од нивното раководство настапува сè повеќе наликува на колективна хистерија, со повторување на исти тези, со координирани напади без факти и со обид секоја политичка конструкција да се претвори во „скандал“.
Доаѓаме до апсурдна ситуација во која, според логиката на СДС, ако некој нема врска со фирма, тогаш очигледно треба да се бараат нови „докази“, можеби дури и преку политички ДНК анализи. Во ваква атмосфера на забеганост, нивните конструкции веќе не се политика, туку материјал за политичка сатира.
ВМРО-ДПМНЕ, од почит кон јавноста и одговорноста кон институциите, целосно ги отфрла и негира овие конструкции. Фактите се јасни, институциите се изјаснија, а политичките фантазии на СДС повторно се распаднаа при првиот допир со реалноста. Македонија заслужува сериозна политика, а не политичка хистерија.








