30.09.2025

Стефаноска: Нападите кон мене се бедни и залудни обиди, имам визија и план за младите да бидат гордост на Македонија

Здраво на сите, последниве денови станав цел на навредливи и без причини предизвикани напади  мотивирани само од мојата политичка активност, а базирани на мојот физички изглед и стереотипите кои се само во главите на овие недоквакани неандарталци, кои го загадуваат целиот дискурс во ова општество. 

Сакам да им испратам една лична порака, овие напади се само бедни обиди да ме омаловажите како личност врз основа на физичкиот изглед и се глупави и зборуваат за вас и вашите фрустрации, а не за мене.

Физичкиот изглед не смее да биде критериум во ниеден општествен наратив, а најмалку во политиката, затоа што јас сум многу повеќе од физичкиот изглед, јас сум човек кој има 9,8 просек на Правниот факултет во Скопје, имам знаење и визија, сигурна сум во себе и знам како треба да делувам за да го подобриме животот на сите млади во Македонија.

Вашите напади не зборуваат за мене, туку за овој систем кој уште не може да се ослободи од мизогинијата и омразата. 

Токму затоа јас се појавив во политиката, со цел да се борам против вакви појави и да бидам дел од тимот што ги вреднува знаењето, визијата и чесноста. затоа ги повикувам сите организации што работат против говорот на омраза меѓу кои Хелсиншкиот комитет, Клубот на пратенички, Клубот на млади пратеници, сите кандидатки за градоначалници и советници на избориве и сите здруженија што се борат за правата на жените да се приклучат кон осудата и на тој начин да покажат дека ваквите напади ги рушат темелите на се она што како општество го сметаме за свето, но пред се како жени ги осудат безрезервно, не поради тоа што мене ме таргетираат бидејќи моите битки ги водам сама, но заради општествениот наратив кој не смееме да го дозволиме. 

На мизогинијата и нема место во јавниот дискурс, денес бев јас, а утре може да си ти. И најголемиот апсурд е што на еден профил што осудува фемицид ме исмејува токму мене, ги знам и кои се и од кај се и затоа мора да се потрудиме да останат на маргините каде што припаѓаат. Ова ги надминува сите граници на политичка пресметка. Имам јасна порака до оние кои напаѓаат: Овие обиди се залудни и нема да не замолчат!

Имаме визија, знаење и план за младите повторно да бидат гордост и сигурна иднина на Македонија !

Нема да ме спречите, ве поздравувам и ве сакам сите.

Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/v/1BiYgt9xic/?mibextid=wwXIfr