09.03.2026

Инвестициите кои спаѓаат во портфолиото на ТИР зоните ќе отворат нови 5.000 работни места, политиките на Владата резултираат со растечка економија

Инвестициите кои се веќе започнати или се во процес на договарање државна помош, а спаѓаат во портфолиото на ТИР зоните, достигнуваат околу 650 милиони евра. Овие 17 инвестиции ќе отворат до 5.000 нови работни места,а и ќе придонесат значително за економскиот развој и намалување на невработеноста во земјава.

Во 2025 година, македонската економија забележа реален раст од 3,5%, што, според податоците на Еуростат, ја рангира меѓу петте најбрзо растечки економии во Европа по Ирска, Малта, Кипар и Полска, а и пред останатите земји во регионот.

Номиналниот раст на македонската економија достигна историски рекордни 8,2%, што е продолжение на континуираниот раст од 2024 година, кога економијата забележа 3%. За следната година се очекува буџетски дефицит под 3,5%, како и реален економски раст од околу 4%.

Ова покажува дека кога се има јасна визија, одговорен пристап и конкретни чекори има резултати.

Секоја нова инвестиција и секое ново работно место се доказ дека Владата работи во интерес на граѓаните и ја поттикнува економската стабилност и развој.

А бројките зборуваат.

За време на СДС и ДУИ, или 28 квартали конкретно, реалниот раст на македонската економија беше 2%.

Лошите политики на СДС и ДУИ ја успорија продуктивноста и ја блокираа можноста за развој.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со јасна стратегија и решителни политики ја потврдува својата посветеност кон граѓаните.