СДС е партија која се радува на пожарите.
Тие се водат од девизата колку полошо за државата и народот толку подобро за СДС.
Ако СДС се грижеше за државата немаше да остави ниту еден функционален канадер, ниту едно летало против пожари, ниту едно возило за гасење на пожари.
Дополнително нивните структури и тие на ДУИ седат зад неколку пожари за кои има сомневања дека се потпалувани од луѓе блиски до овие партии.
СДС правеше политика од Кочани, а сега прави политика и од пожарите.
Нивната политика се состои од ништење на Македонија во секој поглед.
Граѓаните добро гледаат и знаат дека СДС не е никаква алтернатива.
Треба да се срамат од ова нивно однесување.








