16.09.2025

 ДУИ до тој степен се фиксирани за Србија што веројатно се чувствуваат поголеми Срби од Србите

ДУИ до тој степен се фиксирани за Србија што според јунговата теорија на себе проекција слободно може да заклучиме дека се чувствуваат самите како поголеми Срби од Србите, дури чувствуваат и изневерување зошто Милош Биковиќ не отишол до Зајас.

И толку се провидни со тезата за српскиот свет, што покажуваат само потценување на сопствениот народ.

Не пијат Албанците нафта од Пуцко петрол за да веруваат во глупостите на ДУИ и необмислените тези.

Албанците се мудри и искусни и знаат да препознаат што е вистина, а што очаен обид на ДУИ да дефокусира од суштинската тема, како раководството на ДУИ од овчари станаа шеици, а притоа албанскиот народ осиромашува и се иселува од државава.