Александар Наумоски, поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС, а поставен за член на ИО на партијата од Филипче, денес говори за борба против корупција.
Јавноста добро го памети Наумоски по тоа што уште првиот ден кога стана градоначалник си ја зголеми градоначалничката плата, а потоа по неговите настапи по локалните меани. Последните 6 месеци од мандатот се обиде да протурка 25 урбанистички планови, а во меѓувреме граѓаните ги примора да се соочуваат со проблеми како недостиг на вода, тука е и депонијата, па лажеше за нова амбуланта и голем мултифункционален објект во Дексион.
Инаку, во моментов се води и судски спор против него, а има и 3 кривични пријави по кои надлежните институции треба да постапат.
Со ова, Наумоски ги исполнува условите да биде дел од најтесниот круг во СДС, а тоа е криминалот и корупцијата.








