Единствена паника која ја има ВМРО-ДПМНЕ во моментов е поради очигледната непресметливост и забеганост на раководството на СДСМ кое одобрува вакви соопштенија во кои се гледа дека не само што не ја сфатиле пораката на народот и на своите членови, туку живеат во паралелен универзум на халуцинации.
Навистина жално. Каков крај.
Ги повикуваме граѓаните да го видат ова лице на СДСМ кое не само што не ја разбира пораката од изборите туку и ја потценува и навредува. Затоа треба да се казнат во вториот круг, и потоа ако продолжат со халуцинациите ќе мора да бидат отрезнети со реалноста која нема да им биде пријатна.
И потсетуваме на вчерашната изјава на премиерот Мицкоски, ако се толку сигурни во тоа дека со намалување на бројот на советници, и гласови и паѓање на најниското историско ниво на таа партија а на чекор пред тотален распад кој вака ако продолжат е неминовен, сепак нека се охрабрат и нека поднесат барање за предвремени избори во парламентот, и ќе видиме каков епилог ќе има тоа.
Во меѓувреме помалку печурки, повеќе фокус на реалноста и на вистинските пораки од народот. И да се надеваме дека ќе ви помине.








