31.05.2023

5 специјалисти владата ќе ги плаќа по 36.500 евра месечно, којзнае уште колку вакви хонорари, трошоци има во тајниот договор

Власта ќе исплати 11 милиони евра за 5 специјалисти за надзор на коридорите.Само за споредба со оваа сума бил изграден половина од експресниот пат Штип-Кочани.Овие пет лица ќе бидат ангажирани за коридорите и ќе добиваат по 36.500 евра месечно, што е астрономска плата која не ја земаат ниту претседателот на САД, ниту директорот на НАСА.Владата молчи за ова исто како што молчи за целиот скандалозен договор.Овие средства кои власта ќе ги исплаќа за овие ултра-скапи специјалисти се надвор од сумата од 1,3 милијарди евра кои ќе се потрошат за изградбата на коридорите. Никој веќе не знае колку вакви дополнителни трошоци, експерти, специјалци, хонорари има во овој скриен договор на Груби и Ковачевски.За овие прашања мора да има одговори од власта, но и одговорност.